Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен беровец поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување

На 15.06.2022 во 09.45 часот на регионалниот пат Берово-Виница, кај место викано „Обозна“, полициски службеници од СВР Штип – Одделение за криминалистичка полиција – Отсек за економски криминал го лишиле од слобода Ѓ.Д.(44) од Берово, вработен како како референт за сеча, дотур и превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Малешево“- Берово, поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик односно поради незаконско издавање на испратници за превоз на дрва.

По преземени мерки и при претрес кај него и во неговото возило „исузу“ со беровски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари, повеќе кочани со испратници издадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бланко испратници, чекан за жигосување на дрвна маса и мобилни телефони.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.