Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево време со температури до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 Целзиусови степена. УВ=8

Во Скопје, претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

В петок попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В сабота ќе дува засилен северен ветер, а во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.

Потоа во следните денови ќе биде претежно стабилно и топло со слаб до умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

ДЕСК

Лишени од слобода 12 лица во гевгелиско, кај нив пронајдена дрога

ДЕСК

Топлотниот бран на врвот: Температури до 43 степени денес, но потоа доаѓа голема промена

ДЕСК