Centar.mk
ЛОКАЛНО

Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово

Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба, информираат владините служби.

За ова решение, како што додаваат од таму, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби.

Досегашниот претседател на Советот на Општината Бесар Дурмиши претходно имаше побарано што поскоро да се донесе одлука и датум за нови избори за Советот на Општина Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Шалтерите на скопски „Водовод“ нема да работат за време на празникот

C +

Победниците на “средношколец-милионер” на средба со Коњановски

ДЕСК

Врачени наградите за најдобрите волонтери во Општина Битола

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.