Centar.mk
БИЗНИС

Владата: Определени највисоките маржи за основните прехранбени производи за ограничување на цените

Владата на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопштија владините служби.

Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација со надлежните институции и која започнува да се применува од утре, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за шеќер бел како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало, појаснуваат од Владата.

„За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало“, е нагласено во владиното соопштение.

Според оваа одлука, како што дообјаснуваат, за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови во примарни и секундарни позиции.

Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи е со цел, како што велат, за ограничување на растот на цените, која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, и е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара.

Можеби ќе ве интересира

Државен пазарен инспекторат со засилени контроли по повод кампањата „Black Friday“

ДЕСК

Средба на министерката Божиновска со шведскиот амбасадор Солстром: Силна поддршка за првиот форум за енергетска дипломатија и интензивирање на инфраструктурната соработка

ДЕСК

Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

ДЕСК