Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Централниот Одбор на ГРОМ со одлука за официјално раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

„Вчера се одржа седница на Централниот Одбор на ГРОМ. Членовите на ЦО одлучуваа по неколку важни точки кои беа на дневен ред, а се однесуваа на дејствувањето и позиционирањето на ГРОМ на политичката сцена како и идните чекори на партијата и избор на раководни тела на партијата“, информираат од оваа партија.

Точка за одлучување од круцијално значење на Централниот Одбор, како што е додадено во нивното соопштение, било напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, а „по исцрпната дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во напишаното.

„Како насока за идно дејствување на ГРОМ се донесе заклучок дека ќе продолжиме да дејствуваме опозициски и ќе се подготвуваме за самостоен настап на следните парламентарни избори. Во работниот дел на седницата на Централниот Одбор на Граѓанска Опција за Македонија ГРОМ се донесоа одлуки за комплетирање на работните тела и раководните органи на паријата“, потенцираат од ГРОМ.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +