23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Се плашам во јануари да не викаме дека сегашната цена на горивата е супер, вели Бислимовски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски вели од кога е донесена новата методолија, определувањето на цената на горивата го прават на седум дена.

-Бевме една од ретките земји која што определуваше цена на нафтени деривати, како РКЕ. Сега, во сите земји од регионот каде што беше либерализиран пазарот, Хрватска, Србија, Црна Гора, се вратија кон државна регулација на цените. Во случај на сериозен пораст на цената, ќе имаме драстични зголемувања на цените на нафтените деривати. Ние имаме трговци со нафтени деривати, кои тој притисок не можат да го издржат. Ние како определуваме цена на две недели, помалите трговци ќе треба да продава што е за 20 денари пониска. Јас би бил најсреќен РКЕ да не ја опредлува цената. Сега РКЕ тоа што ќе го собере како податок од берзите, тоа е влезен параметар. Ние определуваме еден дел од маржа, која што им ја намаливме и трошоци на транспорт, додава Бислимовски.

Првиот регулатор вели дека „тоа што го гледа сега на фјучерсите и светските берзи, ситуацијата со цената на нафтата ќе стане полоша“.

-Многу се плашам, да не се доведеме во ситуација, во јануари или во февруари да кажуваме дека оваа цена што беше во мај и јуни беше супер. Фјучерсите на светските берзи се мошне неповолни, изјави Бислимовски во Дневникот на ТВ Сител.