Според информациите кои ги добивме од СВР Кавадарци, се работи за голем одрон на патот помеѓу Росоман и Прилеп кај месноста „Трите ленти“. Изведувачот на новиот пат работи со механизација на расчистување на патот. Претпоставка е дека сообраќајот ќе биде во прекин 5-6 часа, објави ЦУК.
Патот Росоман – Прилеп сеуште е затворен за сообраќај.
Екипи од Македонија пат и од фирмата изведувач на патот работат на расчистување на големиот одрон.