23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Двоцифрен број на новозаразени од ковид, пријавени тројца починати

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.090 тестови, а регистрирани се 65 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 41, Битола – 9, Кавадарци, Охрид, Штип и Неготино – по 2, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (65), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани сe 78 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 6, Охрид и Неготино – по 4, Штип – 3, Прилеп и Велес – по 2, Куманово, Струмица и Кичево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Охрид (1). Пријавените се на возраст од 63 до 92 години и се починати во период од 24.05 – 07.06.2022. Две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови.