9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Отворен Балкан доби силна поддршка од бизнис заедниците

Иницијативата Отворен Балкан доби силна поддршка од бизнис заедниците во трите држави, оцени денеска во обраќањето на Самитот Отворен Балкан во Охрид, премиерот Димитар Ковачевски, заблагодарувајќи им се на стопанските комори.

„„Отворен Балкан“, како ново, амбициозно и динамично регионално поврзување доби силна и едногласна поддршка од деловните заедници на сите земји од Западен Балкан. Тие се согласија дека „Отворен Балкан“ е платформата која му е потребна на регионот. Им благодарам на стопанските комори што се нашиот ветер во грб, наш партнер и мотиватор, што многу добро знаат да пофалат кога добро работиме, но и да најдат соодветен начин на критика за да се подобруваме онаму кајшто можеби сме забавиле.“ рече премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски додаде дека придобивките од слободниот проток на луѓе, капитал, стоки и услуги во регинот и помеѓу Македонија, Србија и Албанија сега се уште појасни.
„Сега уште појасни и поаргументирани се придобивките од слободниот проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Ние сме тука пред се заради подобрување на конкурентноста, нови инвестиции, поголем пазар, мобилност и развој на бизнисите во регионот. Ние сме тука заради подобар стандард и квалитет на живот на сите наши граѓани од целиот Балкан.„ рече во обраќето премиерот Димитар Ковачевски, на отворањето на Самитот „Отворен Балкан во Охрид.