Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца криумчари на мигранти од тетовско

Денеска (08.06.2022) во 04.30 часот полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, кај место викано„Табла“ кај с.Богородица ги лишиле од слобода А.З.(24) и Ј.С. двајцата од с.Копачин Дол, тетовско. Имено, при извршена контрола на товарно возило„форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З., во кое совозач бил С.Ј. биле пронајдени 40 лица мигранти (30 од Пакистан, 6 од Авганистан и 4 од Индија).

Поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“, возачот и совозачот се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицата мигранти се пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со студентите имавме конструктивна средба којашто траеше два часа за студентскиот оброк и полагањето на правосудниот испит

ДЕСК

Мицкоски: Очекувам победа во Брвеница

ДЕСК

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

ДЕСК