7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Приведено едно лице за пожарот на бугарскиот културен центар во Битола

Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан – пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото, објави Оливер Спасовски.

Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.

Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара, соопшти министерот Оливер Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

ДЕСК

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК