22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Српски дипломат: Македонија покажа необична храброст со забраната за прелет на Лавров

Поранешниот амбасадор на Србија во Германија и дипломат, Иво Вишковиќ смета дека со недоѓањето на Сергеј Лавров во Белград, сите загубиле, освен Македонија и Црна Гора.

„Сите изгубија нешто и никој не може да каже дека добил, освен можеби малите Црна Гора и Северна Македонија, кои покажаа необична храброст во моментов и добија многу добри поени кај меѓународната јавност, а ми се чини и во регионот“, рекол професорот.

Вишковиќ нагласил дека на сите веројатно им олеснало што Сергеј Лавтов не дошол во Белград.

„Вакви посети се доста ретки и не ретко се случува да бидат оневозможени на овој начин, а не се знае дали бил поканет или самиот се поканил и однапред можеше да се очекува дека на некој начин ќе биде попречен. Особено што се знаеше дека тој е еден од луѓето на кои не им беше дозволен пристап или летање над земјите на ЕУ“, изјавил меѓу другото дипломатот, пренесува српска „Нова“.