7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Македонија, Црна Гора и Бугарија донесоа суверени одлуки

Стејт департментот по повод одлуката на Македонија, Црна Гора и Бугарија да не дозволат прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат за Белград, соопшти дека тие како суверени држави „донесоа суверени одлуки за воздушниот простор, одразувајќи решеност на Европа да ја покани Русија“ да одговара „за нападот врз Украина.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прес-конференција рече дека САД ја повикале „Србија да се фокусира на својата цел за членство во Европската унија, вклучително и усогласување на нејзината надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа“, пренесе Гласот на Америка.

На прашањето на Гласот на Америка како САД и НАТО ќе ги заштитат трите земји кои го затворија воздушниот простор за авионот од кој Лавров требаше да патува во Србија, Прајс одговори дека „сите три се членки на НАТО, а посветеноста на членот 5 во однос на сите три е обврзувачка“.

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК