22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи во Јапонија: Парламентарната дипломатија клучна за зајакнување на билатералните односи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Јапонија, оствари одвоени средби со спикерот на Домот на претставници, Хиројуки Хосода и претседателката на Домот на советници, Санто Акико.

На средбите, соговорниците се осврнаа на односите меѓу Северна Македонија и Јапонија, при што акцентот беше ставен на меѓу парламентарната соработка. Беше констатирано дека постои голем потенцијал за продлабочување на врските меѓу двата законодавни дома, особено преку постоечките пратенички групи за соработка во двете земји.

Воедно, на средбите стана збор и за економската соработка меѓу двете земји и можностите за унапредување на бизнис релациите, особено во делот на привлекување јапонски инвестициите.

Претседателите и на двата дома изразија силна поддршка за европските интеграции на Северна Македонија, што претставува значаен предуслов за напредокот на земјата, но и за севкупната стабилност на Западниот Балкан.

Соговорниците разменија мислења и за актуелната безбедносна состојба по руската инвазија во Украина, како и нејзиното влијание врз стабилноста во Европа и Индо – Пацификот.

Можеби ќе ве интересира

Османи во Собрание ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

M T

Oсмани-Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

M T

Османи-Рибеиро: Разменети мислења за состојбата со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ

M T

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

M T