„Во овие шест години, владата предводена од СДСМ има решено круцијални, државнички прашања и оствари стратешки цели. Зборуваме за меѓународни успеси и потврдување на македонската државност и посебност“ рече потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов во „360 степени“ на АлсатМ.
Тој додаде дека изминатиот период со цел помош на граѓаните, Владата работеше на покачување на минималната плата и највиското ниво на покачување на пензиите.
„Владата се задолжува за да се помогнат граѓаните и стопанството, за полесно справување со кризите, додека претходно владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за да се градат споменици, со кредити со далеку повисоки камати“ рече Костадинов.
Тој додаде дека главна цел е општеството да биде подемократско и напредно, да се нарпави развој со цел полесно справување со кризите и градење на подобро општество и иднина за сите.