8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Коциќ: ВМРО-ДПМНЕ сакаат инциденти во Собрание за да се претстават како жртви

„Очигледна е намерата на ВМРО-ДПМНЕ да испровоцираат физички контакт во Собранието, но тоа го прават со невешта глума. Ова сценарио што го заговараат и во кое сакаат да се прикажат како жртви е провидно“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во емисијата „Патот кон“ на АлсатМ.

Тој додаде дека и претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците од владејачкото мнозинство им кажаа дека нема да дозволат инциденти и некој од надвор да дојде да ги напаѓа пратениците.

„Пратениците сакаат да се претстават дека се оневозможени да работат, одземаат микрофони, чукаат по маси. Ние нема да дозволиме да се случува тоа што се случуваше во Собранието во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“ рече Коциќ.

Тој додаде дека блокадата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието е само на штета на граѓаните и на иднината на земјата.

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +