Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Јакимовски: Противниците знаат дека не сум криминалец

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски обелодени дека е пријател со поранешниот премиер Зоран Заев.

-Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е. Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата. Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа. Веројатно му требала изјавата за дневна политика. Длабоко во себе не мисли така. Противниците знаат дека Стевче Јакимовски не е криминалец, не е неспособен, не е глупав, има идеи и потези, рече Јакимовски во емисијата „Само интервју“.

Пред околу седум месеци, додека Заев беше на функцијата премиер, во една прилика изрази чудење за изборот на граѓаните во оваа општина, откако Јакимовски победи на локалните избори.

-Почит кон секој човек, но не можам да сфатам што се случи во Карпош, таму живее интелигенцијата, истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Денес пороен дожд, грмежи и силен ветер во повеќе делови

ДЕСК

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК