7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски со честитка по добивањето автокефалност на МПЦ: би сакал да упатам срдечни честитки до македонските граѓани, за силната вера, смирението и заложбата за заедништво

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

„Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите?” – ова се зборови на Светите браќа Кирил и Методиј кои го отсликуваат овој радосен ден, ден на восклик, историски миг на исполнување на сонот на многу генерации.

По молитвите на Светите браќа Кирил и Методиј, Светиот сабор на СПЦ со зборовите на српскиот Патријарх Порфириј по долгата заедничка богослужба во Соборниот храм во Скопје ни донесе убава вест – да ја благослови и признае автокефалноста на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија.

Во оваа прилика би сакал да упатам срдечни честитки до македонските граѓани, за силната вера, смирението и заложбата за заедништво.
Нека расте црквата Господова, ко што расте пламенот на Божјата љубов меѓу браќата и сестрите по Христа. Кога браќата се сакаат, се радуваат и Небото и Земјата. Впрочем, како што рече и поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан, и Кирил и Методиј по духот ни припаѓаат на сите.
Благодарност за мудроста на Неговата Сесветост Патријархот Вселенски г.г. Вартоломеј, за укажаното братољубие од српскиот Патријарх Порфириј, како и до сите браќа и сестри од православната екумена, и секако огромна благодарност и признание до МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, и митрополитите коишто неуморно дејствуваа да се оствари овој сон на сеопшта радост на верниот македонски народ.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК