24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Ниту една компанија нема да може да одолее на пазар од 20 милиони луѓе што го креира ‘Отворен Балкан’

„Со иницијативата Отворен Балкан целиот регион ќе стане попривлечен за ЕУ. Ниту една голема компанија нема да замижи пред голем пазар од 20 милиони луѓе. Крајната цел на отворен Балкан е една царинска унија во која слободно ќе се тргува и ќе се инвестира капитал“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека во моментот во иницијативата се работи на единствен ИД број за да се овозможи работа во трите земји без посебни дозволи и лиценци. Ваквиот број ќе важи во сите држави и нема да има потреба од дополнителна работна дозвола на секоја недела или секој месец.

„Оваа иницијатива по сите основи на економската логика е позитивна- креира поголем пазар на капитал, можности размена, како и зголемување на БДП на регионот“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека очекува на следниот самит во Охрид да се приклучат и други земји од Западниот Балкан во иницијативата, со што таа ќе може да носи бенефит за сите шест земји од регионот.