23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Град Скопје остана без принтери – им го раскинале договорот на фирмата која им ги изнајмувала

Утрово Град Скопје остана без печатачи кои биле изнајмени од фирма во Скопје.

Според информациите на порталот САКАМ ДА КАЖАМ од утрово, екипи од фирмата „Интек системи“ со која во октомври 2019 беше склучен договор за тригодишно изнајмување на 31 принтер и нивно одржување, од бараките на Градот ги земаат принтерите и ги товарат во камион.

Сега во бараките за службите се останати само 4-5 принтери кои се сопственост на Градот, но се недоволни за службите. Принтери нема во сите бараки, па вработените немаат каде да печатат документи и матријали. Токму затоа со години се распишува тендер за изнајмување ваква опрема, а во моментов новиот тендер уште не е завршен и не се знае кога ќе бидат обезбедени нови, пишува СДК.