Има голема разлика која што овие денови стана уште повидлива. СДСМ работи за граѓаните, се грижи за стандардор и се справува со кризата. ВМРО ДПМНЕ се обидува да кочи, да блокира, на штета на граѓаните и државата. Во време на најголема светска економска криза Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство спроведуваат ефикасни решенија за заштита на животниот стандард и помош за компаниите, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
Таа додаде дека мерките вредни 400 милиони евра дадоа резултат. Во период од само два месеци ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, обезбедивме дополнителна финансиска помош од по 1.000 денари месечно за пензионерите и примателите на социјална помош, а заедно со здруженијата на пензионерите договоривме нова методологија за рекорден раст на пензиите.
Маркоска истакна дека додека СДСМ ги зголемува платите и пензиите и помага на економијата, ВМРО-ДПМНЕ се противи на секој денар кој завршува назад кај граѓаните и компаниите.
Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се противеа на зголемувањето на минималната плата, на покачување на пензиите, на проектот Мој ДДВ, се противеа на поголеми субвенции за земјоделците.
Ќе ги надминеме сите обиди за блокади на опозицијата и потребните законски решенија ќе бидат донесени, изјави Маркоска.