23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Новиот црногорски премиер Абазовиќ го поддржува „Отворен Балкан“

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека ja поддржува регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. Тој за приштинската телевизија Кљан Косова изјави дека „Отворен Балкан“ е дизајниран да опфати шест земји од Западен Балкан.

„Отворен Балкан е направен за шест земји, не е направен за пет и пол земји или три и пол земји, туку за шест земји. Секој кој учествува се претставува себеси и својата земја“- рече Абазовиќ во интервјуто.

Црна Гора, претходно одби да учествува во иницијативата, но новиот премиер, со поддршката на „Отворен Балкан“ навести во која насока би можеле да се движат економската и трговската политика на новата црногорска влада.