Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Филипче: ЕУ испрати јасна порака, со ВМРО-ДПМНЕ Македонија назадува во сите сфери

„Ако добро се погледне извештајот, пораката од него е јасна: не постои напредок во ниту една област. Дури и таму каде што има технички активности, нема никакви резултати. Не само што тапкаме во место, туку се враќаме назад”, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција посветена на Извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година, кој вчера го објави Европската комисија.

Филипче посочи дека извештај на Европската комисијата претставува јасен сигнал дека државата под власта на ВМРО-ДПМНЕ е во целосен застој и дека европскиот пат е доведен во прашање.

„За жал, овој извештај потврди дека државата е во целосен застој, реформите се блокирани, институциите се парализирани, а европскиот пат е сведен на празна реторика без никаква реална содржина”, нагласи д-р Филипче.

Тој потсети дека Македонија и Албанија пред две години чекореа заедно на европскиот пат, но денес разликите се драстични и за разлика од Македонија, Албанија направи значителен напредок во преговорите со ЕУ.

„Чекоревме паралелно со Албанија, еве ја гледаме сега Албанија како со крупни чекори оди напред, какви се предвидувањата. За жал, ние освен што стагнираме во неколку области, имаме и назадување”, изјави лидерот на СДСМ, д-р Филипче.

Филипче на прес-конференцијата порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ го загрозува европскиот пат на државата и ја враќа Македонија години наназад, наместо да ја движи напред кон европските стандарди, вредности и развој.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=8js66Pi_2Kg

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК