7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

По децении раскол владите на Заев и Ковачевски изборија признавање на МПЦ

По децении непризнавање на Македонската православна црква, вчера Синодот на Вселенската патријаршија ја тргна шизмата и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење во македонските владици, свештениците и со народот.

Ова доаѓа по силните напори и ангажман на Владата предводена од СДСМ со неколкуте испратени писма до Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, како и остварените средби.

Уште во 2018 година, тогашниот премиер Зоран Заев испрати писмо до г.г. Вартоломеј повикувајќи на решавање на долгогодишното црковно прашање на земјата. Две години подоцна, премиерот Заев и министерот Оливер Спасовски остварија и средба со вселенскиот патријарх каде што беше изразена надеж дека во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците.

Барање за црковно ослободување во рамките на границите на земјата и нашите архиреи да сослужуваат со архиреите на сите православни цркви беше упатено и во септември 2020 година, при што се истакна дека православниот народ во Северна Македонија заслужува црковна независност.

Писмо до Вартоломеј испрати и премиерот Димитар Ковачевски веднаш по стапувањето на функција, после кое писмо доаѓа и одговорот и признавањето на МПЦ-ОА. Ковачевски има оставрено средба со Вартоломеј пред четири години, што само покажува дека пристапот кон решавање на ова прашање од страна на Владата е сериозен и стратешки и започнал веднаш по доаѓањето на власт.

Наспроти ваквите напори на Владата, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ предвидуваа дека се додека е жив Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј, МПЦ нема да може да добие признание поради експремиерот Зоран Заев.

Со ваквиот чин и признавањето на македонската црква, Владата на СДСМ покажа дека освен што се грижи за општествените и економските прашања во земјата, секгоаш е тука да ги заштити и унапреди правата и на верниците.

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК