Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

141 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки што ги прават возачи на моторцикли, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

ДЕСК

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛАТА: Студот полека доаѓа, синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК