8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Камбаните може да означат дека веќе немаме црковен спор

„На сите православни верници и на сите членови на свештенството на МПЦ им го честитам историскиот ден, кога Вселенската патријаршија донесе одлука со која МПЦ се прима во сослужување рамноправно со сите други православни цркви“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Сител ТВ.

Тој додаде МПЦ-ОА и православните верници може да бидат горди и среќни и сите камбани да означат дека спорот кој со децении тежнееше врз православните верници веќе не постои.

„Честа припадна на една социјалдемократска валда, што е потврда дека сме посветени и на општествените процеси, но и на верниците во нашата држава“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека денес сите може да бидат среќни, не само православните верници, туку и припадниците на останатите релегии кои живееме заедно и треба заедно да го прославуваме овој ден.