23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски положи венци свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата по повод 9 Мај

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој беше придружуван од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Положувањето цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“ е дел од пригодните активности кои во чест на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, како за чествување и за оддавање почит на сите кои учествуваа во поразот на фашизмот во Втората светска војна, како и на сите оние кои учествуваа во изградбата на Европската Унија.


Венци со свежо цвеќе на споменикот „Ослободите на Скопје“ положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Северна Македонија, Делегација на Собранието на Северна Македонија, на Армијата на Северна Македонија, на дипломатски кор, како и на политички партии и други општествени граѓански организации.