10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: МВР пресече 20 меѓународни канали за дрога и имаме заплена од 15 милиони евра

„Покажуваме максимална посветеност и ангажираност во борбата против организиран криминал. Пресечени се 20 канали за меѓународен транспорт на дрога и запленета е дрога во вредност од 15 милиони евра“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Сител.

Тој додаде дека се сузбиени десетина организирани криминални групи со околу 60 членови, што покажува дека активностите против криминалот се на високо ниво.

„Имаме добри резултати и во зголемување на ефикасноста во откривањето на кривични дела за корупција. Во 2021 година имаме раст од 50 отсто во однос на претходната 2020 година. За пет години имаме откриено корупција која го оштетила буџетот за 1,35 милијарди денари“ рече Спасовски.

Тој додаде дека ќе остане приоритет борбата против криминалот и корупцијата со цел да се зголеми довербата во полцијата, но и чувството за безбедност на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.