Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски: Определба ни се европските вредности кои носат подобар живот

„Придобивката од членството во Европската Унија ќе биде пред се за граѓаните. Тоа е наша стратешка цел, наша референтна точка од која нема враќање назад и нема компромис за тоа“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Сител.

Тој додаде дека важно е низ процесот на пристапување во Унијата да се зајкнат европските вредности во македонските институции, вклучително и во МВР.

„Јас сум среќен што добар дел од регулативата на ЕУ која се однесува на Министерството за внатрешни работи е целосно усогласена со ЕУ. Важно ќе биде низ процесот на преговарање, преку воведувањето на европските вредности, да зајакне јавната свест и нашето размислување да биде во тој правец“ рече Спасовски.

Тој додаде дека европските идеали базирани на солидарност и слобода се нешто што е потребно за сите граѓани да се чувствуваат свои на своето во Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК