11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Полицијата сега е отворена, транспаретна и блиска до граѓаните

„Мотото ‘МВР за граѓаните’ со кое го одбележуваме Денот на полицијата е мотото со кое работиме изминативе години. Полицијата треба да биде отворена и блиска до граѓаните, да биде транспаретна и институција до која граѓаните ќе може да се обратат во секое време“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Сител.

Тој додаде дека преку настаните, манифестациите се покажува дека полицијата е сервис на граѓаните и дека таа е тука за нивните потреби.

„Монографијата за работата на МВР во изминатите пет години е вистински одговор на сите лажни вести, бидејќи одогвор на лажните вести мора да биде вистината. Ова се факти кои не може да се побијат и кои се вистините, без разлика дали ни се допаѓаат или не“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека во изминатите пет години приоритет во МВР беше ставен на реформа на безбедносниот центар, на следењето на комуникациите, како и реформата на полицијата, новиот механизам на надворешан контрола и подобрување на условите за работа на полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.