Уште неколку недели и доаѓа лето, време на врели страсти и разбудени сетила!
Многу хороскопски знаци ќе сакаат повторно да се чувствуваат сакано, пожелно, да им се носи возбуда секој ден.
Астролозите велат дека пет хороскопски знаци ќе имаат најголеми шанси да најдат среќа ова лето и нивната сродна душа!
Бик
На почетокот на втората половина од годината, Бикот може да се посвети на решавање на сите недоразбирања што ги има со пријателите или саканата личност.
Бикот чие срце е сè уште слободно ќе почувствува потреба за топлина и љубов и конечно ќе разбере што е тоа што сака.
Немојте да се изненадите ако сродната душа се покаже како личност од вашата околина, која отсекогаш сте ја сметале за само пријател.
Рак
Ова лето може драстично да го промени животот на некои Ракови.
Ќе ви се случат судбоносни познанства кои ќе ви донесат среќа, само не плашете се од љубовта и не ја отворајте душата за потполно странец.
Чувствата кои се појавуваат во текот на летото ќе се покажат како длабоки и силни. Поединци ќе станат родители.
Девица
Воздржаната и практична Девица ова лето може да биде привлечена од романса на која нема да може да и одолее.
Се ќе биде во знакот на нови познанства и се може да се случи брзо.
Можно е да се заљубите уште на прв поглед и веднаш да почнете да живеете заедно.
Ако сте во брак, големи се шансите да станете родител!
Јарец
Јарецот е некој кој долго време и посветено бара сродна душа.
Намалете ги малку критериумите и критичкото размислување, ова може да биде главната причина за вашите љубовни неуспеси.
Не треба да контролирате сè, дозволете малку и судбината да го направи своето.
Бидете подготвени да ги прифатите можностите што доаѓаат со раширени раце за да не ја пропуштите вашата среќа.
Водолија
Водолиите ова лето ги чекаат патувања и љубов.
Обидете се да си организирате најинтензивен и најразновиден одмор, бидејќи најголеми се шансите да сретнете некого на патувањето.
Бидете отворени и толерантни. Вашата сродна душа може да седи до вас во авион или автобус – обрнете внимание.