Девојките кои ја следат модата често го следат советот на познатата дизајнерка Коко Шанел, „модата е минлива, но стилот е вечен“. Иако вкусот на секого е различен, постојат некои модни парчиња кои секоја жена мора да ги поседува доколку сака секогаш да биде во тренд.
Бисери
Тие се пример за накит кој е вечен и секогаш ќе биде во мода. Сетете се на познатата Одри Хепберн во филмот „Појадок кај Тифани“. Бисерите додаваат допир на елеганција, гламур и сензуалност во секоја комбинација. Секогаш кога треба да се дотерате, не можете да погрешите со бисерите.
Црни очила
Квалитетните црни очила се едни од парчињата кои траат долго, а воедно се и многу корисни. Изберете класичен женствен модел кој ќе одговара на повеќето комбинации на облека и не двоумете се да платите малку повеќе за нив. Тоа е инвестиција која ќе се исплати повеќекратно!
Квалитетен часовник
Без разлика дали сакате да носите часовници или не, мора да признаете дека тоа е убав, квалитетен часовник, детал кој секогаш е пријатен за гледање. Тој не е тука само за да го покаже времето, тој е еден вид накит и статусен симбол од памтивек. Ако сакате квалитетен часовник кој ќе ви трае вечно, заборавете на скапите дизајнерски часовници и инвестирајте во еден од многуте швајцарски брендови.
Дијамантски обетки
Без грижи, не мислиме за сите оние прекрасни креации што имаме можност да ги видиме на црвените теписи. Мислиме на мали, дијамантски обетки на шраф или оние со кристали кои ќе ја издигнат апсолутно секоја комбинација и ќе ја истакнат убавината на вашето лице. Тие се совршен детал за секој ден и за сите прилики.
Шал
Зимски шал од кашмир и летна свилена марама се парчиња кои секоја жена треба да ги има. Погодни се и за работни денови и за свечени пригоди, удобни се за носење и прекрасно ја комплетираат секоја комбинација на облека.
Црвен кармин
Тој е еден од класиците кои никогаш не излегуваат од мода. Затоа мора да се најде во вашата чанта исто како што треба да се најде мал црн фустан во вашиот плакар.