24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

“Во Македонија келнери и пекари земаат поголеми плати од наставниците и професорите кои се платени под секој стандард” – Тарави ги разгневи вработените во приватниот сектор кои со пот го вадат секој денар

Во Македонија келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор, вели генералниот секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари,пишува Денешен.

Од Алијансата на Албанците го поддржуваат штрајкот во образованието на СООНК. Од партијата додаваат дека наставниците го бараат тоа што го заслужуваат.

Таравари вели дека наставниците се платени под секој стандард и оти со такви плати не може да се очекува резултат од образовните институции.

– Ги поддржувавме и ќе ги поддржуваме. Мислам дека тоа е право што тие апсолутно го заслужуваат. Во Македонија обичен келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор во средно или основно училиште, но и на некои факултети, рече Таравари.

Тој пред некој ден учествуваше во јавната дебата за образованието, организирана од Институтот за јавни политики „Арбен Џафери“.