25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСИЗБОР

Ограничена продажбата на масло за јадење, ќе може да се купи само едно шише

Министерот за економија Крешник Бектеши објави дека продажбата на сончогледово масло за јадење ќе биде ограничена и дека секој купувач во текот на денот ќе може да купи само едно шише масло.

Мерката стапи на сила вчера, а ќе важи до 31 мај. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети.

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.

Можеби ќе ве интересира

Лек за сите проблеми: Еве кои се придобивките од маслото од кантарион во превенцијата од болести

M T

Поскапени брашното, маслото, цените во Австрија вртоглаво растат

M T

ГРЕШКИ ШТО СИТЕ ГИ ПРАВИМЕ – НИКАКО не го чувајте маслото на едно место, тоа го скратува рокот на траење

M T

ВАЖНА Е ВИСТИНСКАТА МЕРКА – Една и пол до три и пол шолји кафе дневно, помал ризик од смрт

M T

Совет од искусните домаќинки: Каде да се фрли маслото после пржење?

M T

Евтино и природно: Доктор открива кое масло е најдобро за раст и густина на косата

M T