„Безбедносните институции, МВР, Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност соработуваат постојано, особено по војната во Украина. Разменуваме информации и преземаме мерки за заштита на државата од било каков евентуелен безбедносен проблем“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека во моментов нема ризик или било каква ситуација со која може да се предизвика безбедносна криза во земјава.
Министерот кажа дека хибридниот начин на војување е еден од методите кои се користат и дека постојат цели стратегии и системи за остварување на целите на големите геополитички сили.
„И кај нас имаше обиди за сајбер напади врз институции, кои морам да кажам дека беа добро одбранети и заштитени од страна на системот на државата. Имаме взаемна координација со институциите и се преземаат сите мерки за заштита на системот од хибридни закани“ рече Спасовски.
Тој додаде дека како дел од хибридните закани со кои се соочува земјата се лажните вести, говорот на омраза и поттикнувањето на криминални активности прек у социјалните мрежи, но дека МВР има активности за секодјевно справување со ваквите закани.