Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Ќе се зголемат платите на сите во МВР во текот на годинава

„На први април кај нас имаше зголемување на платите, согласно Законот за минимална плата, оние кои се под Законот за работни односи, другите пак вработени според колективен договор и Законот за внатрешни работи имаат повисока плата од минималната плата. Со буџетот за 2022 година се опфатени средства за зголемување на платите на сите вработени, имавме и исплатено бонус плати за оние кои имале прекувремени работни часови во текот на минатата година. Ние сме подготвени да зборуваме врз реални основи и не сакам да навлегувам во тоа дали синдикатите меѓусебно се обвинуваат. Ние во континуитет го подобруваме статусот на полицискиот работник.“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервјуто за „Топ тема“ на телевизија Телма.

„Ниту една бонус плата не беше исплатена во време на претходната власт, па вработените ги наплаќаа преку тужби и му создаваа на министерството милионски трошоци, но во последните пет години тоа е исправено и ние никогаш не пропуштаме до крај да ги исплатиме сите кои ги сработиле парите.“- дополни министерот Спасовски.

Спонзорирано: