Во целиот Свет, приватните работни места се поатрактивни од државното вработување поради драстичната разлика во платите, која секако е повисока во приватниот сектор отколку во државниот апарат.
Занаетчии, работници, земјоделци, сопственици на мали бизниси низ цела Европа, САД, Австралија заработуваат многу повеќе отколку државно вработените.
Во Македонија ситуацијата е обратна. Државното вработување се чини како најсигурна работа, а за едно отворено работно место се борат десетици дипломци кои седат дома. Иако и во Македонија има илјадници примери на млади кои преку новите технологии, интересни идеи и со голема желба успеваат во приватниот сектор, сепак за многу граѓани поатрактивна е администрацијата.
Изминатиов период беа отворени десетици огласи во повеќе македонски општини каде имаше промена на власта на локално ниво за да се ухлебат неколку стотици лица.
Државната администрација изминатиот период преку дел од своите синдикати најави штрајк и неработење со цел да издејствува повисоки плати, ова доаѓа по одлуката на Владата и Парламентот,минималната плата да се покачи на 18.000 денари (300 евра). Административци се бунат зошто касиерка во продавница да зема повеќе пари од еден административец?
Ова го навлече и гневот на обичниот граѓанин. На анкета која ја поставивме на нашата страница, граѓаните воглавно негодуваат во однос на штрајкот на административците.
– Кој не му чини има работа во приватен сектор , ПА да видат што значи работа, вели извесен Бобан во свој коментар на нашата фан страница на Фејсбук.
– Колку има што земаат плата а не се на работа прво треба да се исчисти администрацијата од неработници а после да се зголеми платата, вели Бранко.
– Треба да се изретчат на пола, кој не му се виѓа нека работи земјоделие или сточарство, барем е поисплатливо вели Диме.
Рената пак со спротивно мислење дебатира на нашата анкета:
– Читам мнозинство коментари НЕ. Дали знаете дека помлад референт зема плата 13-15.000 денари( тој што го молите на шалтерот да ви заврши работа)! На тој што се дерете и што е сервис и мост помеѓу неговиот надреден( што потпишува ) и Вас. Тој што трча по скалите горе -доле најмалку 20 пати на ден и се обидува да е смирен и да не покаже нервоза на странките бидејќи неговиот надреден излегол или е на состанок и не потпишал. А тој негов надреден зема плата 50-70.000 ден. Знаете ли дека платата на тој шалтерски работник е за 500 ден поголема од платата на хигиеничарката? Другиот што не е на шалтерот и има факултет ( но нема функција) зема плата 21-25.000 ден.тој ги пишува Вашите документи, одговара на Вашите барања. Има и такви што не работат, но дали сите не работат и не заслужуваат достојна плата за нивната работа?
Мишо со реплика до Рената:
Па ако е мала платата за помлад референт, нека иде овчар или во некоја фарма. Таму земаат по 30.000 денари плата или нека дојде да работи земјоделие, таму се дава повеќе, ама таму се работи, а во администрацијата не. Тоа е разликата, вели Мишо.
Други граѓани велат дека проблемот кај младите во Македонија е што секој дипломец наместо да го остварува својот сон и да гради кариера во приватниот сектор, сонува да биде ухлебен во сигурната администрација, а потоа плука по младите перспективни дечки кои со програмирање, софтер или работа од далечина носат по 2000-3000 евра месечно во Македонија од странство.
Други пак велат -затоа не можеш да најдеш електричар, водоводџија или плочкар низ Скопје, каде заработката е прилично солидна. Но никој не сака тоа да го работи.
Некои од нашите читатели поддржуваат повисоки плати за сите, но велат, не е време сега среде криза и гледаат обид за дестабилизација на Македонија среде Светската економска и воена криза која буквално ги погоди дури и најмоќните држави на платенава.