8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Градинките ќе продолжат со згрижувачката дејност и во време на штрајк

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.

Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.

Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк.

По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Славјанка Петровска се прости од Панчо Минов со емотивен статус: “Ме виде и ми рече ти само пишувај си, јас че ти кажувам кога црвено, кога зелено”

ДЕСК

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ РАБОТИ ДОДЕКА ВОЗИТЕ: Полицијата ЗАСИЛЕНО ќе пишува казни од 6-ти до 12-ти октомври

ДЕСК

Полицијата апси возачи во алкохолизирана состојба – маж бил фатен со 3,02 промили алкохол во организмот

ДЕСК