Фокус денеска ги објави новите советници на премиерот Димитар Ковачевски, меѓу кои има неколку звучни имиња.
На новата листа советници има и нови имиња, меѓу кои е деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески, кој ќе биде советник за економија.
За рационализација и оптимизација на процеси, советник ќе биде познатиот банкар Глигор Бишев, кој моментално е генерален директор на Шпаркесе банка.
Професорот на Факултетот за електротехничка и информациски технологии, Антон Чаушески, пак, ќе биде советник за енергетика.
На списокот се и Исмет Рамадани, кој ќе биде советник за евроатлански вредности, Ана Данева-Маркова (здравство), Спасе Додевски (образование и социјала), Маја Ангеловска (дигитализација), Симона Ристеска (даночна политика), Елена Оранска-Петковска (административно право како и Едмонд Адеми (надворешни работи) Нина Фити (финансии) и Драган Василевски (одбрана).
Фокус неофицијално дознава дека меѓу советниците на Ковачевски има и странец кој претходно соработувал со еден поранешен европски лидер.