Утринава, на една од најфреквентните скопски раскрсници, осамна активистичка инсталација која се однесува на скорешното покачување на минималната плата на 18000 денари, за разлика од деветте ијлади денари колку што изнесуваше во 2016 година. Преку размер. 18:9 инсталацијараго потенцира двојното зголемување на „минималецот“ во земјава.
Не така одамна, пред само пет години, минималната плата во С. Македонија изнесуваше нешто помалку од 9000 денари. Иако основана како социјална држава, најниската плата која ја заработуваа работниците беше „замрзната“ со децении, од осамостојувањето до денес. Оваа состојба имаше погубно влијание врз животниот стандард на оние со најниски примања и сериозно негативно влијание и врз просечните приходи на работниците воопшто.
Инсталацијата покрај тоа што го потенцира двојното зголмување на минималната плата, повикува и на достоинствено почитување на трудот на работникот и на натамошно покачување на платите преку пораката “18.000 денари плата нека биде само почеток”.