Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина Владо Богоев, новинар и еден од основачите на „Дневник

Денеска на 60-годишна возраст во Скопје почина Владо Богоев, новинар и еден од основачите на весникот „Дневник“.

Веста ја објави неговиот син Стефан Богоев, кој на Фејсбук напиша: „Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот“.

Богоев припаѓаше на средната генерација новинари. Беше познат „дескаџија“ во дневниот весник „Вечер“, но и автор на текстови од областа на политиката. Кариерата ја продолжи како еден од тројцата основачи на весникот „Дневник“, во кој остана до пред затворањето на весникот.

Неговите колеги од медиумската сцена денес со тага се збогуваат со Владо Богоев.

Неговото име ќе остане запаметено во медиумскиот бизнис меѓу другото и затоа што беше потписник на еден од првите приватни независни весници, иницијатива во која влезе храбро со цел да ја подобри медиумската слика и заедно со плејада други новинари да се спротивстави на растечкото влијание на политиката врз медиумите.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК