27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски по нови насоки и задачи кај неговиот шеф Никола Груевски во Унгарија, обвини СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски очигледно отишол по нови насоки и задачи кај неговиот шеф, осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски.

Дали Груевски му ја кажа и „стратегијата“ за случајот „Плацеви на Водно“ во кој е обвинет дека правел малверзации за да стекне огромен имот во Скопје?

Уште еднаш се покажа дека единствената агенда на Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Затоа овие денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираат Законот за Академија за судии и обвинители.