24. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Покрај сите опструкции на Христијан Мицкоски пописот е успешен, велат од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Покрај сите опструкции на Христијан Мицкоски пописот е успешен. Покрај сите можни опструкции имаме успешен попис после цели 20 години по највисоки светски стандарди на ЕВРОСТАТ. Пропаднаа сите обиди за бојкот и за рушење на оваа важна статистичка операција.

Христијан Мицкоски беше тој што најавуваше бојкот при самото објавување на датумот за спроведење на пописот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараа да се одложи пописот и започнаа со собирање потписи против пописот. Христијан Мицкоски прв се потпиша.

Лично Мицкоски пишуваше писма до амбасадорите против пописот.

Покрај сето ова пописот успеа, институциите спроведоа успешен, точен и кредибилен попис кој го поздрави Европската комисија и сите релевантни чинители. Ова се фактите, ова е вистината.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Понижување на народот, власта се гоштева со бадеми и фстаци а граѓаните се оставени сами со скапотијата

C +

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа – Јаневска да понесе одговорност

C +

Мицкоски: Седум милиони евра за проекти за развој на Штип

C +