15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Едно лице се бори за живот по тешка сообраќајка која што се случила на патот Росоман – Кавадарци

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на патот Росоман-Кавадарци, на мостот на Црна Река, каде утрово се случи сообраќајна несреќа меѓу трактор и комбе наменето за транспорт на леб од Скопје за Кавадарци.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло во момент кога тракторот и комбето се движеле во ист правец, еден зад друг. Притоа возачот на комбето удрил во задниот дел од тракторот, го дестабилизирал и тој излетал од патот. Во несреќата возачот на тракторот на возраст од 69 години се здобил со тешки животозагрозувачки повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники, додека 27-годишниот возач на комбето се здобил со телесни повреди.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби, меѓу кои и наредба за анализа на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа, наредба за технички преглед на возилата и сообраќајно вештачење.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновски: Со Упатството за радиодифузерите е пресликана одредбата од Изборниот законик

ДЕСК

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче

ДЕСК

ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН СО ЗНАЧИТЕЛНИ ПРОМЕНИ НА ВРЕМЕТО: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.