26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Почна летното сметање на времето

Ноќеска во два часот по полноќ почна летното сметање на времето, со поместување на стрелките на часовникот за еден час напред.

Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Исланд, Русија и Белорусија.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.