Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

И во време на криза, платите растат многу побрзо и значително, велат од СДСМ

СДСМ го поддржува стандардот на граѓаните, минимална плата од 18.000 денари и просечна од речиси 30.000 денари, велат од владејачката партија преку соопштение.

„СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи постојано презема мерки и политики што обезбедуваат повисок животен стандард на граѓаните.

И во време на криза, платите растат многу побрзо и значително, што е особено важно за глобалната криза, за поддршка на животниот стандард на граѓаните.

За месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари.

На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.

Претходно ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога едвај изнесуваше 8.800 денари.

Политиките на СДСМ придонесоа платите да растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на граѓаните.

Освен растот на платите, потврда за поддршката на стандардот на граѓаните е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите и кои веќе даваат резултат.

СДСМ останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и државата. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат повеќе пари и подобар животен стандард на сите граѓани“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.