22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Викендов почнува летното сметање на времето

Викендов почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври.

Во март, стрелките се движат еден час напред, а во октомври се враќа часовникот еден час наназад.

Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.

Идејата за пресметка на зимско и летно сметање на времето се заснова на астрономската околност дека во јануари сонцето изгрева само околу 8 часот, а заоѓа во 16 часот. Во јули, кога денот е подолг, сонцето изгрева пред 5 часот наутро и заоѓа по 21 часот.

Можеби ќе ве интересира

Сончево и посвежо време, температурата од 14 до 22 степени

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

До петок стабилно време, од недела заладување

M T

Променливо време со силен ветер, дожд и град

M T

Сончево време со температури до 32 степени

M T

Претпладне сончево време, попладне со можност за пороен дожд

M T