25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Проблем за Македонците со бугарски пасош: “Не можам да влезам во Македонија со возило со бугарски таблички”

Македонските граѓани кои возат автомобили со странски таблички, ако сакаат да влезат во земјава со нив ќе треба да се откажат од живеалиштето во Македонија или да ги остават и да ја поминат границата пеш. Вакво е искуството на стотици македонски граѓани кои со автомобили со бугарски таблички се обиделе да влезат во земјава на трите гранични премини на бугарско-македонската граница, објави денеска МКД.мк.

Во редакцијата се јавиле неколку граѓани кои се соочиле со овој проблем на граница, но не добиле објаснување зошто не можат да влезат со автомобилот.

„Се враќав од Бугарија и се шокирав кога на македонската граница ми рекоа дека не можам да влезам со автомобилот со бугарска регистарска табличка. Ми рекоа ‘ ти можеш да поминеш пеш, а колата да ја оставиш во Бугарија‘. Се вратив во Бугарија и ја оставив. Морам да видам зошто е тоа така, па да се вратам по неа“, раскажува скопјанец за своето искуство на граничниот премин Деве Баир.

Според сведочењата на наши сограѓани, само во петокот на Деве Баир биле вратени стотина македонски граѓани со автомобили со бугарски регистарски таблички, пишува МКД.мк.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК
МАКЕДОНИЈА

По потерница на Интерпол уапсен е З.Ц.

ДЕСК

На 14.04.2019 година во 13.15 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, при контрола на лицето З. Ц.(46) од Република Албанија, било утврдено дека се наоѓа на стоп листата по барање од СМПС – Интерпол Скопје.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК