23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Авионот на Мајли Сајрус принудно слетал поради невреме

Поп-звездата Мајли Сајрус отпатува за Парагвај заедно со семејството, нејзиниот бенд и техничкиот тим за да настапи на последниот концерт од својата јужноамериканска турнеја, но авионот во кој патувале бил зафатен од силна бура со грмотевици и морал принудно да слета.

Таа во средата твитна, откривајќи дека авионот го зафатил големо невреме во близина на главниот град на Парагвај, Асунсион, што резултирало во принудно слетување.

„До моите фанови и сите загрижени откако слушнаа за мојот лет до Асунсион. Нашиот авион го зафати голема неочекувана бура проследена со молњи“, напиша таа на Твитер. Нејзината објава вклучува кусо видео и фотографија од прозорецот на авионот на која се гледа како блескаат молњи надвор.