22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА.ТЕМАБИЗНИС

Запленети 78 руски авиони

Во странство се запленети 78 руски авиони, соопшти денеска министерот за транспорт Виталиј Савељев, пренесе агенцијата Интерфакс.

Поради меѓународните санкции наметнати на Москва поради нападот врз Украина, голем број производители на авиони ја прекинаа испораката на авиони, делови за авиони и сервисни услуги за Русија, јави Интерфакс, додавајќи дека руските авиокомпании имаат 515 авиони изнајмени од странство.

„Изгубивме 78 авиони“, рече Савељев, прецизирајќи дека тие авиони се запленети во странство и дека нема да бидат вратени во Русија.

Русија усвои закон со кој на домашните авиокомпании им се дозволува да внесуваат авиони изнајмени од странски компании во рускиот регистар на авиони, но домашните авиокомпании засега се двоумат дали да го искористат тоа право, плашејќи се дека тоа дополнително ќе ги загрози врските со меѓународните партнери.

Русија имаше 1.367 авиони кога беа воведени санкциите, а речиси 800 од нив беа запишани во националниот регистар на авиони, рече Савељев, без да прецизира колку од вкупниот број регистрирани авиони биле изнајмени од глобалните лизинг компании.

Речиси сите авиони Боинг и Ербас што ги користат руските авиокомпании се регистрирани на Бермуди и Ирска, но пред една недела бермудските и ирските воздухопловни власти ја суспендираа сертификацијата на сите авиони од Русија.